Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 19 – годишен тетовец, за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот влегол во зграда, се качил на првиот кат и од прозорецот во ходникот го повикал детето. Откако детето на возраст од 12 години му се приближило, осомничениот го извршил делото кое му се става на товар.
Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, страв дека ќе ги сокрие трагите од кривичното дело или ќе го повтори делото, па во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка до Основниот суд Тетово достави Предлог за определување мерка притвор. Предлогот на обвинителството беше прифатен, па со решение на судијата на претходна постапка, на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.