Соопштенија

Притвор за уште едно лице од предметот „Синџир“

Првоосомничениот во предметот „Синџир“ кој беше недостапен на органите на прогонот е обезбеден и изведен пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Прифаќајќи го предлогот на предметниот обвинител со Решение судијата му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Според наводите содржани во диспозитивит на Наредбата за спроведување на истражна постапка, осомничениот е еден од тројцата организатори на злосторничкото здружение. ​