Најави

Промоција на новата интернет страница на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе ја промовира новата интернет страница овозможена со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Промоцијата ќе се одржи на брифинг на кој ќе присуствуваат Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Настанот ќе се одржи во четврток, 5.12.2019 година со почеток во 11:15 часот, во зградата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.