Увидните екипи кои се наоѓаат на местото каде вчера во попладневните часови се урна авион ги пронајдоа сите шест тела од починатите патници. Станува збор за пет мажи и една жена. Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина каде што во наредниот период по налог на Јавен обвинител ќе следи постапка за идентификација.