Најави

Пуштање во употреба на новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Куманово Теута Бедиу – Рамадани денеска ќе ги пуштат во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово, опремени со средства од фондовите на Европската унија.

Настанот ќе се одржи во 12:00 часот во Основното јавно обвинителство Куманово.

Ги покануваме медиумите да присуствуваат.