Соопштенија

Работна средба со Генералниот обвинител на Руската Федерација

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески оствари средба со Генералниот обвинител на Руската Федерација Игор Краснов.


​
Во рамки на досегашната успешна соработка помеѓу двете обвинителства, на средбата беше потенцирана заедничката заложба за размена на искуства во борбата против организираниот , транснационалниот и компјутерскиот криминал, како и заштитата на човековите права.

Јовески и Краснов се согласија дека меѓународната соработка е основа за поуспешна борба со криминалот, како задача на обвинителската професија.