Имплементацијата на новиот Закон за јавно обвинителство и претстојните реформи во насока на унапредување на јавнообвинителскиот систем беа тема на денешната средба меѓу Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија и Бојан Маричиќ, Министер за правда во Владата на Република Северна Македонија
На средбата беше потенцирано дека Јавното обвинителство има итна потреба од зајакнување на кадровските капацитети, што опфаќа нови јавнообвинителски места и јавнообвинителски советници.
Како приоритет во работата, а во насока на владеење на правото, беше истакнато значењето на надлежноста на јавното обвинителство и заложбите во насока на обезбедување ефикасна борба со криминалот и корупцијата.