Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работен состанок со делегација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предводена од претседателката Билјана Ивановска.
На состанокот беа разменети заемните заложби за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес, особено во насока на поефикасна борба против корупцијата. Договорена е континуирана комуникација и координација на иницијативите кои ДКСК ги поднесува до Јавното обвинителство.