Соопштенија

Радовишкото обвинителство обвини 11 лица за непостапување по здравствените прописи

Обвинетите 11 лица, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Еден од нив пеш, а другите со возила се движеле во Радовиш и околината, со што  не постапилe според мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширење или сузбивање на заразната болест  предизвикана од коронавирусот.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време нa епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Радовиш до судот  поднесе предлози за издавање казнени налози за сите обвинети со предлог да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​