Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Тешка кражба по чл.236 ст.1 т.1, едно кривично дело – Тешка кражба по чл.236 ст.1 т.3 и едно кривично дело – Кражба по чл.235 ст.1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, во периодот од 19.06.2023 до 16.07.2023 година извршил неколку кражби во верски објекти – цркви, одземајќи парични средства од црковните каси. Насилно отворајќи ги касите на црквите „Св.Стефан”, „Св.Апостоли Петар и Павле”, „Раѓање на Свети Јован Крстител”, „Св. Јован Крстител” и „Св.Архангел Михаил“ во Скопје, осомничениот одзел вкупно 96 илјади денари со намера противправно да ги присвои.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави прeдлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство на осомничениот.