Соопштенија

Ресенското обвинителство постапува против шест лица за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Ресен, постапувајќи по поднесени кривични пријави, поведе постапка против 6 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите  не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразна болест, односно според Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час се движеле на повеќе локации низ Ресен, пеш или со возила, без да поседуваат дозвола за движење, при што бил затекнати од страна на полициски службеници.

Јавниот обвинител до Основниот суд Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози со кои за шестемина обвинети предложи парични казни во висина од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 20 евра во денарска противредност.