Соопштенија

Се трага по идентитетот на лица инволвирани во настаните во Собранието на Република Македонија

Заради утврдување на идентитет на лица инволвирани и битни во постапката за расветлување на настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје одобри јавна објава на нивните фотографии.

Фотографиите, во соработка со Министерството за внатрешни работи, се објавени на следниот линк:

http://www.moi.gov.mk/vest/5026

Се повикуваат сите граѓани, доколку ги препознаат лицата од објавените фотографии, да се јават во најблиската полициска станица или во Основното јавно обвинителство Скопје.