Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 36-годишен скопјанец за кривично дело – Кражба според член 235 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 3 март, на автобуска станица на булеварот „Крсте Мисирков“ одзел паричник од ташната на една оштетена. Во паричникот имало пари, документи, картички и други предмети, во вкупна вредност од 8.870 денари.
Бидејќи во конкретниот случај постои опасност од бегство на обвинетиот кој и претходно е осудуван за истородни кривични дела, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за определување мерка притвор, со цел да се обезбеди непречено одвивање на кривичната постапка против обвинетото лице.