Соопштенија

Скопјанец обвинет за употреба на фалсификуван негативен тест на коронавирус

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 38-годишник од Скопје, на 14 мај, на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје се обидел да оствари излез од државава тако што прикажал лажен сертификат за негативен ПЦР-тест на SARS-CoV-2 вирусот.

Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков сертификат не му е издаден, тој фалсификуваната потврда ја прикажал како вистинита пред аеродромските службеници.