Соопштенија

Скопјанец обвинет за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

На 24 април, 21-годишниот скопјанец се обидел да замине за Истанбул со лет од Меѓународниот аеродром – Скопје, употребувајќи фалсификуван сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков сертификат не е издаден на негово име, осомничениот пред аеродромските службеници ја прикажал лажната исправа како вистинска.​