Соопштенија

Велешанец осомничен за кражба на незаклучен автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 9 февруари, противправно присвоил автомобил БМВ 330Д, паркиран на улица „Езерци“, вреден 210.000 денари. Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и го стартувал со клучот кој бил во возилото, по што го напуштил местото.

За осомничениот 33-годишник од Велес, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, ценејќи дека постои реална опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.