Соопштенија

Скопјанка обвинета за употреба на фалсификуван негативен тест за коронавирус

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против 31-годишна скопјанка за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата, на 5 мај, на шалтер за проверка на пасошите на Меѓунарoдниот аеродром Скопје, прикажала фалсификувана исправа – медицински сертификат за негативен тест на SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаела дека не се тестирала во наведената лабораторија и дека таков сертификат не и е издаден, таа лажната исправа ја употребила како вистинита.

Обвинителството предложи парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.