Соопштенија

Скопјанец обвинет за недозволена трговија со марихуана

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт за 37-годишно лице кое се товари дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 14 октомври, при претрес во домот на обвинетиот во Драчево, полицијата пронашла опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 51,61 грам, спакувана во 10 зипер вреќички и во една најлонска ќеса.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на пртетходно определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. ​