Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено едно кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и четири кривични дела – Тешка кражба според член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот зкаоник.
Обвинетиот 37-годишник, на 11 октомври, од угостителски објект во населба Илинден, одзел четири пластични гајби во вкупна вредност од 1.600 денари. На 22 ноември, пак, од викенд куќа на стариот пат за село Брњарци, со провалување одзел телевизор Сони вреден 18.000 денари. На 23 ноември, од две викенд куќи во населбата Дрма, истото лице одзело повеќе предмети во вкупна вредност од 12.500 денари. На 24 ноември, обвинетиот ја прескокнал жичената ограда од овоштарник во Петровец и одзел предмети вредни 6.000 денари.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.