Соопштенија

Скопјанец обвинет за убиство на сопствената баба при семејно насилство

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против 28-годишен скопјанец за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, обвинетиот со умисла ја лишил од живот сопствената баба. Додека жртвата јадела, тој ја нападнал, започнал да ја удира по главата и телото, а потоа ја задушил.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.