По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 10 мај во раните утрински часови, во куќа на улицата „Перо Наков“,при вршење семејно насилство, со умисла лишил од живот жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи. Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело и нанел повеќе телесни повреди – хематоми и скршеници од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.