Соопштенија

Скопјанец осомничен за нелегално поседување дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 септември, при претрес во домот во кој престојувал осомничениот на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје, во подрумот и во автомобилот, полицијата пронашла вкупно 180,9 грама марихуана, како и 6,49 грама психотропна супстанција 3,4- метилен-диоксиметамфетамин. Исто така, била пронајдена и запленета и дигитална вага со остатоци од наркотични дроги.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.​