Соопштенија

Скопјанец осомничен затоа што пукал од автоматски пиштол

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка  против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот 24 – годишник, неовластено во својот дом на улица „Божин Стојков“ држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматски пиштол „Шкорпион“ кој го набавил кон крајот на 2019-та година. На 02 ноември, на улица „Цветан Димов“ во Скопје тој забележал едно лице и испукал неколку куршуми кон него, притоа оштетувајќи три паркирани моторни возила.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.