Соопштенија

Скопското обвинителство предложи парични казни за 19 прекршители на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за определување казнени налози против вкупно 19 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како се движат надвор од своите домови без да поседуваат дозвола за тоа.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за обвинетите за изрече парични казни од 100 днбевни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.