Соопштенија

Соопштение

Во врска со настанот случен на ден 19 Мај 2014 година на паркингот од Европската очна болница во нас. Ѓорче Петров во Скопје, при што е лишено од живот лицето А.П, Јавното обвинителство на Република Македонија Ве известува дека на лице место е излезен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје.

По извршениот увид од надлежниот јавен обвинител и по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство – Скопје против едно лице донесе Наредба за спроведување истрага за кривично дело – Убиство од чл.123 од КЗ.

Против осомничениот ќе биде поднесен и предлог за определување мерка притвор до надлежен судија на претходна постапка.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА