Соопштенија

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за организиран криминал е спроведена акција.
Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со предистражната постапка за откривање на организирана група што извршува кривични дела на нелегална трговија со дрога. Акцијата е спроведена против криминална група на повеќе локации и во повеќе населени места при што се откриени наркотици и лишени се од слобода повеќе од три лица.
Во тек е целосното документирање на случајот по што јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на постапката и преземените дејствија.