Соопштенија

Соопштение

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата присуствуваа и Нинослав Василевиќ, раководител на Отсек за демократско владеење и општествена кохезија и Елена Хаџи-Антоновски, виш правен асистент во Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На состанокот беше изразена взаемна благодарност за досегашната соработка и ги истакнаа заложбите за зајакнување на соработката во иднина. Тема на состанокот беа предлог-законските решенија за јавното обвинителство и за Советот на јавните обвинители со кои, како што истакна Јовески, се предвидуваат подобри решенија, зајакнување на одговорноста на јавните обвинители и подобрена ефикасност во работењето.

Стана збор и за статусот на специјалното јавно обвинителство како иден сегмент од јавнообвинителската мрежа. Особен осврт Јовески даде на потребата од идна интензивна соработка помеѓу органите на прогонот, а во насока на функционирање на нови истражни центри, заеднички тимови, едукации и интерсекторска соработка за гонење на современите облици на криминал.

Присутните се согласија и околу потребата од натамошна поддршка во насока на зголемување на транспарентноста и зајакнување на довербата на јавноста во работата на Јавното обвинителство на Република Македонија.