Соопштенија

Соопштение

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека денеска судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави известување од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое го примил преку КПУ Затвор Скопје- Скопје.

Во известувањето се наведува дека Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ги овластува јавните обвинители во тоа обвинителство кривичните предмети да ги предадат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Исто така, во Јавното обвинителството на Република Северна Македонија примено е и известување со барање информации од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, во кое приложено е и доставеното полномошно.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе ги разгледа овие поднесоци, по што јавноста ќе биде известена.