Соопштенија

Соопштение

Во врска со информациите објавени во дел од медиумите за постапувањето на Основното јавно обвинителство Свети Николе во два предмети против градоначалникот на општина Лозово, Јавното обвинителство појаснува дека, постапувајќи по две барања за изземање поднесени од пријавениот, Вишото јавно обвинителство Штип пред околу еден месец донесе одлука со која барањата беа уважени.

Притоа, првиот предмет кој е во фаза на подигнато обвинение е префрлен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Штип, додека за вториот предмет кој е во фаза на предистрага за надлежно е определено Основното јавно обвинителство Делчево.