Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштува дека обвинетиот Сашо Мијалков во попладневните часови се јави во обвинителството и притоа му е врачено Решение за определена мерка куќен притвор.
Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот.