Соопштенија

Струмичкото обвинителство обвини 41 лице за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 41 лице за сторено  кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и за секој од обвинетите предложи судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

Обвинетите во одделни кривично правни настани, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата. ​