Соопштенија

Тројца обвинети во Велес за прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Постапката е поведена бидејќи обвинетите го нарушиле полицискиот час и за време на важечката забрана за движење, без да поседуваат дозвола, се движеле на различни локации.

За осомничените предложено е изрекување парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност.