Соопштенија

Тројца обвинети за нарушување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите постапиле спротивно на прописите со кои се определуваат мерки за превенција на коронавирусот, па за време на важечкиот полициски час биле затекнати како се движат без дозвола на различни локации во градот.

За сите нив надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​