Соопштенија

Тројца турски државјани обвинети за прикажување фалсификувани ПЦР тестови

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителни предлози против тројца државјани на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот зaконик.

На 1 март, при процедурите за проверка на пасошот на Меѓународниот аеродром Скопје, тројцата обвинети прикажале лажни потврди за негативен тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале, обвинетите се обиделе да ја напуштат државава со потврди за кои знаеле дека не се издадени од наведените лаборатории.