Соопштенија

Тројца државјани на Турција обвинети за обид да ја поминат границата со лажни израелски пасоши

Основното јавно обвинителство Скопје против тројца турски државјани поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тројцата обвинети, на 22 јануари, при влез на државната граница од Република Косово, на граничниот премин Долно Блаце, употребиле како вистински лажни јавни исправи – израелски пасоши и лични карти. Станува збор за двајца мажи на возраст од 26 и 41 година, како и една жена на возраст од 45 години.

Употребените лажни документи се разликуваат од оригиналните израелски документи по квалитетот на хартијата, застапените техники на печатење на образецот, заштитните знаци, сјајот и интензитетот на застапените бои.