Соопштенија

Тројца обвинети во Велес

Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на наеслението на територијата на државата во одредени временски периоди.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Велес денеска до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против тројцата обвинети и  предложи да им се изречат парични казни во висина од по 40 дневни глоби, секоја глоба во износ од по 20 евра во денарска противвредност. ​