Соопштенија

Турски државјанин обвинет за фалсификување исправа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 25 февруари при поднесување барање за привремен престој и на 11 мај при подигање на дозволата за привремен престој на странец во Република Северна Македонија, употребил преправена јавна исправа – турски пасош. На оригиналнната патна исправа било извршено отстранување и замена на оригиналната втора страница која содржи лични податоци и фотографија на имателот на патната исправа. Вметната нова неоригинална страница се разликува од оригиналот по техничките карактеристики на печатење, флуоресценцијата и по конецот со кој е сошиен буклетот на патната исправа. Преправениот пасош обвинетиот го употребил како вистински во два наврати, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар.