Соопштенија

Уште 13 лица обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 13 лица кои не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинетите биле затекнати на различни локации во градот за време на полицискиот час, без да поседуваат дозвола за движење и со тоа сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на обвинетите да им изрече парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.