Соопштенија

Велешанец осомничен за поседување кокаин

Основното јавно обвинителство во Велес спроведува истражна постапка против лице на возраст од 40 години за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од  Кривичниот законик.

Осомничениот, на 29 август, неовластено заради продажба држел вкупно 47,97 грама наркотична дрога – кокаин во три полиетиленски пакувања кои ги скрил во пантолоните. Дрогата била пронајдена при личен претрес на осомничениот.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, на можност за попречување на истражната постапка со влијание врз сведоците и на опасност да го повтори кривичното дело, Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​