Соопштенија

Велешанец под истрага за силување на поранешната сопруга

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на возраст од 32 години поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – Силување од чл.186 ст.1 од Кривичниот законик.

Имено, осомничениот на 09.03.2019 година, ја присилил на обљуба својата поранешна сопруга. Тој ја чекал оштетената во влезот од зградата каде таа живее и кога ја отклучила влезната врата од својот стан, ја фатил за раката и насилно ја внесол во дневната соба. Потоа ја турнал на креветот, ја влечел за коса и ја стегал за вратот, велејќи и дека ќе има сексуален однос со неа „милум или силум“. Кога оштетената одбила да се соблече, осомничениот и ја скинал кошулата и извршил обљуба врз неа, совладувајќи го нејзиниот отпор изразен во удари со нозете по градите и рамената.

Имајќи предвид дека по извршеното кривично дело осомничениот го напуштил своето живеалиште и бил отсутен се до следниот ден, можноста поради заедничкото дете да стапи во контакти со оштетената и да влијае врз истата или да го повтори кривичното дело, до судија на претходна постапка на Основен суд Велес е доставен предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот на надлежниот јавен обвинител е прифатен, па на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.