Соопштенија

Во Основното јавно обвинителство – Скопје се води постапка против едно лице за сторени кривични дела – Уцена и Злоупотреба на лични податоци

Од страна на МВР СВР Скопје пријавено е едно лице, кое со намера за себе да прибави имотна корист, ја уценувал поранешната девојка со можно објавување на нејзини разголени фотографии на една од социјалните мрежи. Снимките направени додека тие биле во секслуална врска, осомничениот делумно ги објавил, по што и запретил на оштетената дека доколку не му даде 5000 денари фотографиите ќе ги објави во целост. По пријавување на уцената во полициска станица, оштетената на договорена средба, на осомничениот му дала однапред криминалистички обработени финансиски средства, по што осомничениот бил фатен и лишен од слобода.

Поради утврдено основано сомневање дека осомничениот ги сторил кривичните дела – Уцена и Злоупотреба на лични податоци, надлежниот јавен обвинител започна постапка и поднесе Предлог за определување на мерка -Притвор против осомничениот. Судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје се согласи со предлогот на обвинителството, по што со донесено Решение на судот на осомничениот му е определен осумдневен притвор.

Во тек се истражни дејствија, за да се приберат сите докази во предметот и да се овозможи донесување на соодветна јавнообвинителска одлука.