Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство Ресен поведе постапка против две лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
До Основниот суд Ресен поднесени се предлози за издавање казнени налози со кои за лицата се бараат парични казни во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност.
Обвинетите, на 13 мај, за време на полицискиот час се движеле со возила без да поседуваат дозвола за тоа, при што биле сопрени од страна на полициски службеници од ОВР – Ресен.