Соопштенија

Второосомничениот за убиството во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово е лишен од слобода

Осомничениот, утринава, самиот се пријавил во Полициската станица Кисела Вода во Скопје, носејќи го со себе и оружјето со кое истакнал дека е извршено убиството. По приведувањето, осомничениот ќе ја издржува мерката Притвор согласно веќе донесеното Решение од страна на Основниот суд – Тетово.

Имено, Основното јавно обвинителство -Тетово за осомничениот за извршеното убиство достави Предлог за определување на мерка – Притвор во надлежниот суд. Судијата на предходна постапка донесе Решение и определи притвор во времетраење од триесет дена. Поради тоа што осомничениот претходно беше недостапен за органите на прогонот , мерката ќе се извршува од денес.