Основното јавно обвинителство Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации.
Јавниот обвинител на Основниот суд Ресен му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност.