Соопштенија

Заврши увидот на местото на несреќата во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на местото на несреќата во која едно лице им подлегна на повредите.

Несреќата се случила денеска околу 13 часот во Гостивар помеѓу ПМВ со кое управувал четириесет и осум годишен гостиварец и ТМВ со кое се пренесувале градежни материјали, управувано од педесет и осум годишен жител на Гостивар. Во моментот на разминување на двете возила, дошло до лизгање на арматурни шипки што не биле соодветно обезбедени, при што една од нив влегла низ прозорецот на автомобилот нанесувајќи му повреда во глава на сега починатото лице.

Повредениот со возило на Брза помош е пренесен во Општата болница во Гостивар каде им подлегнал на повредите.

Јавниот обвинител нареди обезбедување на снимки од околните камери, сообраќајно техничко вештачење на возилата, прибирање траги од лице место, како и анализа на крв и урина на возачот. Воедно e издадена и Наредба за обдукција на телото на починатиот.

Возачот на ТМВ е задржан во ПС Гостивар.