Соопштенија

Жител на Брвеница осомничен за поседување дрога и муниција

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Во домот на осомничениот 47-годишник во Брвеница, на 2 март, полицијата пронашла наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 778 грама. Дрогата била скриена на различни локации во домот. Освен ова, полициските службеници пронашле и 29 куршуми со различен калибар.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​