Соопштенија

Жител на Добридол обвинет за нелегално приредување игри на среќа

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се гони за кривично дело – Приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган од член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и забавните игри.

Обвинетиот 33-годишник, во деловен објект лоциран во семејната куќа во сопственост на неговиот татко во Добридол, организирал и приредувал игри на среќа КЕНО без соодветна документација – лиценца односно дозвола од надлежен орган. При контрола на 25 февруари, полициски службеници му ја пронашле и времено му ја одзеле инсталираната опрема за приредување на игрите на среќа.​