Поведена е постапка против убиец на едно лице во неготинско Пепелиште

Скопје, 14 Јануари 2015

Основното јавно обвинителство – Велес, по спроведена истражна постапка во која се собрани сите докази, одлучи да поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Убиство.

Обвинетиот се товари дека на 21.08.2014 година со умисла и од користољубие лишил од живот едно 86-годишно лице на православните гробишта во с.Пепелиште, општина Неготино.

Имено, обвинетиот,  сметајќи дека сега покојниот не му исплатил пари за извршена услуга, се приближил до него и со метален ашов со дрвена рачка неколкупати го удрил во пределот на главата и во десната страна на градниот кош.

Од ударите, оштетениот се здобил со повеќе повреди кои довеле до смртен исход. Потоа обвинетиот од левиот џеб на кошулата на покојникот извадил и одзел пари во износ од 1000 денари и си заминал.

Надлежниот обвинител до Основниот суд во Велес поднел и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, сметајќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на истиот доколку не се брани од слобода.

158 total views, 1 views today