Основното јавно обвинителство – Тетово започна постапка против пет лица во врска со двојното убиство во с. Мерово

Скопје, 08 Мај 2015

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица и тоа за четворица од осомничените за сторени кривични дела – Убиство и по едно кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, а за еден од осомничените за сторено кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Осомничените се гонат поради основано сомнение дека на ден 7 мај 2015 година, во местото Јабланица, с Мерово, во заедничка дворна површина со умисла лишиле од живот две лица. Еден од осомничените со умисла се обидел да лиши од живот трето оштетено лице. Причина за престрелката и меѓусебната кавга биле нарушените меѓусебни односи околу напасување на стадата. Осомничените неовластено поседувале огнено оружје , со кое го извршиле и кривичното дело.

Поради исполнување на законските основи, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово до судија на предходна постапка при Основниот суд во Тетово поднесе и Предлог за определување на мерка Притвор против петмината осомничени.

87 total views, 2 views today