Основното јавно обвинителство Скопје го истражува двојното убиство во скопската населба Козле

Скопје, 28 Јули 2015

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место за слученото двојно убиство, во кое животот го загубија двајца државјани на Република Турција.

Починатите мајка и син,  жители на Бурса, Турција, биле на привремен престој во Скопје.

Надлежниот обвинител издаде наредби за подигање на траги од лице место, за потребни вештачења, како и за вршење на обдукција на починатите.

Обвинителството ќе продолжи со преземање на потребните дејствија со цел расветлување на настанот.

406 total views, 1 views today